Дојран

Илија Тентов ја презеде функцијата градоначалник на општина Дојран од досегашниот, Анго Ангов

Со голема чест и уште поголема одговорност денес извршивме примопредавање на четиригодишниот мандат за градоначалник на општина Дојран. Овој чин не е само формална постапка, туку симбол на доверба и надеж што ми ја укажаа граѓаните на нашата општина, вели градоначалникот Илија Тентов кој и официјално ја презеде функцијата од досегашниот градоначалник на Општина Дојран, Анго Ангов.

Тој ветувам дека функцијата ќе ја извршува чесно, одговорно и морално, со комплетна посветеност на интересите на сите жители на Дојран.

„Ќе бидам градоначалник кој слуша, работи и кој стои зад секој свој збор. Дојран не е само место — Дојран е завет. Тој е аманет од нашите предци, луѓе кои со љубов, труд и пожртвуваност го создале ова прекрасно парче земја. Но, Дојран е и ветување за нашите деца, за иднината што треба да ја градиме заедно — поубава, поправедна и посреќна. Заедно ќе докажеме дека кога има искреност, одговорност и визија — напредокот е возможен, а сонот за подобар Дојран е остварлив“ вели Тентов.

Досегашниот градоначалник Ангов им се заблагодари на граѓаните за довербата и подршката во изминатите 8 години .

„Драги сограѓани, другари и пријатели, денес го завршувам мандатот како градоначалник со чувство на гордост, благодарност и исполнетост. Ми беше огромна чест и задоволство и

од сѐ срце Ви благодарам за довербата, поддршката и можноста што ми ја дадовте во изминатите осум години да бидам Ваш градоначалник. Изразувам благодарност до сите мои соработници.

Создававме, градевме, решававме проблеми и ја менувавме нашата општина чекор по чекор. Делата се тие кои зборуваат за нашата љубов кон Дојран!!!

Решававме круцијални проблеми, градевме за нашите деца, направивме општина без долгови, станавме лидер за ЕУ фондови, станавме општина прворангирана по сите финансиски параметри.

Тој му честита на новоизбраниот градоначалник Илија Тентов и му посака успех во работата.

-„Се надевам дека ќе продолжи со проекти кои значат подобар живот за сите граѓани, без делби и поделби, сплотено кон уште успеси“, напиша Ангов на својот ФБ профил.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

4 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago