Радовиш

ТРИБИНА: Превенција од болести на зависности во СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш

Едукативна трибина на тема превенција од болести на зависности, по повод месец ноември – месец на борба против болести на зависности,  се одржа во во просториите СОУ Коста Сусинов – Радовиш, со цел подигнување на свеста и информираноста кај младите.

Трибината беше во организација на ОО на Црвен крст од Радовиш а свои професионални излагања имаа: д-р Весна Пешева Јанковски, Виолета Србакова, училишен психолог и Невенка Шароњев, помлад инспектор-водич на безбедносен реон при ПС ОН Радовиш.

Присутните имаа можност да слушнат за ризиците, последиците и превентивните механизми од областа на медицината, психологијата и безбедноста, притоа добивајќи стручни совети од релевантни лица.

Дополнително, врснички едукатор од Црвен крст одржа кратко излагање на истата тема, по што следеше интерактивна активност „Мит или Факт“, која поттикна динамична и конструктивна дискусија меѓу учениците.

Настанот беше реализиран по иницијатива на учениците вклучени во проектот „ACCESS“, а присутни беа и претставници од Средношколската унија.

Со вакви активности континуирано работиме на создавање здрава и информирана младина, подготвена да донесува свесни и одговорни одлуки.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago