Радовиш

Гоце Дединец избран за претседател на новиот Совет на Општина Радовиш на денешната Конститутивна седница

Одржана Конститутивна седница на Советот на Општина Радовиш, на која беа верифицирани мандатите на новите членови на Советот и беше избран новиот претседател на Советот Гоце Дединец.

Согласно деловникот за работа и Законот за локална самоуправа, седницата требаше да ја води претседателот од претходниот совет Страхил Гавритов. Но по образложението од правната служба дека не може да присуствува на седницата, истата ја водеше најстариот член на Советот Драги Ѓоргиев.

На седницата се обрати и новиот градоначалник на Општина Радовиш, Љупче Почивалец кој најпрво им честита на сите советници и им посака успешен четиригодишен мандат и успешна работа. Тој рече дека се надева, сите заедно ќе работат во интерес на граѓаните и за подобар живот во Општина Радовиш.

За седницата беше предвиден дневен ред од неколку точки пред се околу верификацијата на мандатите на сите 19 советници и изборто на претседател на советот. На крајот беше донесено предлог решение за именување на членови на постојаните комисии при советот на Општина Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago