Римскиот броен систем

Римските бројки претставуваат древен броен систем кој потекнува од Стариот Рим. Тие биле широко користени во различни области од секојдневниот живот, како што се трговијата, архитектурата и воените записи. Нивната употреба продолжила и во средниот век, при што се направиле мали измени за да се прилагодат на новите потреби и контексти.

Основата на римскиот броен систем се заснова на неколку „основни“ броеви, за кои постоеле посебни симболи. Овие симболи биле лесно препознатливи и имале фиксна вредност:

  • I – 1
  • V – 5
  • X – 10
  • L – 50
  • C – 100
  • D – 500
  • M – 1000

Комбинирањето на овие знаци овозможувало изразување на различни броеви, при што се применувале одредени правила – на пример, ставање на помал број пред поголем означувало одземање (IV = 4), додека ставање на помал број по поголем означувало собирање (VI = 6).

Пред X се става знакот I и се добива бројот IX (односно 10 – 1 = 9). Пред L се става X и се добива XL (т.е. 50-10=40). Пред М се става C и се добива CM (т.е. 1000-100=900), итн.

Еве некои римски броеви:

Арапски бројРимски број
1I
2II
3III
4IV
5V
8VIII
9IX
10X
20XX
22XXII
40XL
50L
79LXXIX
90XC
100C
149CXLIX
399CCCXCIX
400CD
500D
900CM
1000M

Иако денес римските бројки не се користат за секојдневно броење, тие сè уште имаат симболична и церемонијална вредност – ги среќаваме во имиња на монарси, часовници, годишни броеви на настани и филмови, како и во архитектонски обележја.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago