Младите и TikTok: кога забава станува зависност. Просечниот млад човек поминува повеќе од 700 часа годишно на TikTok
Зошто
TikTok станува новата дрога на интернетот?
Во последните неколку години TikTok се претвори во највлијателната платформа меѓу младите – но и во една од најопасните по нивното внимание и ментално здравје . Со оглед на тоа дека просечниот млад човек користи TikTok повеќе од два часа дневно, тоа значи дека за една година младите на оваа платформа трошат повеќе од 700 часа, или речиси цели 30 дена будно време. Во свет каде вниманието станува најскапа валута, разбирањето на допаминската економија на TikTok е клучно – не само за родителите и наставниците, туку и за самите млади. Свесноста, едукацијата и контролата врз сопственото време се првите чекори кон здрава дигитална рамнотежа.
Алгоритмот на апликацијата е дизајниран да го „чита мозокот“, да ја препознава секоја реакција и да прикажува сè повозбудлива содржина. На тој начин се активира допамински циклус на награда, кој го тера мозокот постојано да бара нова стимулација – слично како кај зависности од никотин или игри . ДОПАМИН, ЕНДОРФИНИ И „TIKTOK МОЗОК“ TikTok е создаден околу допаминскиот механизам на награда — истиот што се активира при јадење омилен оброк, сексуална активност или добивање награда. Како функционира допаминот? Допаминот не е „хормон на среќата“, туку невротрансмитер на мотивацијата. Кога мозокот предвидува задоволство (на пример, ново видео), тој ослободува допамин, што создава очекување и ја зајакнува навиката да се продолжи со гледање. Кратките видеа на TikTok се совршени за ова: секое трае само неколку секунди, секое може да донесе нешто ново, забавно или шокантно — а тоа значи постојани микро-допамински „удари“.
Резултатот? Намалено внимание,
анксиозност, нарушен сон и чувство на празнина кога апликацијата не е при
рака.