Македонија

Видео: Обраќањето на Сиљановска-Давкова на осмиот Париски мировен форум

Почитувани,

Подолу е транскрипт со превод на македонски јазик од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на посебниот панел „Важноста на регионалната соработка на Балканот за идните генерации“ со којшто модерираше Мишел Дикло од „Институтот Монтејн“, а во рамки на нејзиното учество на осмиот Париски мировен форум.

Видео – https://www.youtube.com/watch?v=fMzVL1KtDsc

Модератор Мишел Дикло: Дами и господа, добро утро. Големо задоволство и чест ми е да Ве поздравам, госпоѓо претседател. Ви беше даден избор и Вие ја избравте темата „Младите и процесот на интеграција во Европската Унија“. Младите во Вашата земја и во регионот на Западен Балкан. Можеби моето прво прашање ќе биде многу едноставно. Зошто ја избравте оваа тема? Зошто ова e важно од Ваша гледна точка?

Претседателката Сиљановска-Давкова: Веројатно сите го слушнавте прашањето, зошто ја избрав оваа тема. Дозволете ми, да објаснам зошто.

Неодамна имав предавање на Универзитетот „Колумбија“, а насловот на моето предавање беше „Маратонот на Западен Балкан кон Брисел или Чекајќи го Годо“. Зошто ја избрав оваа тема? Бидејќи е добро познато дека ние, на Балканот, отсекогаш сме биле дел од Европа, не само географски, туку историски и културно. Значи, ја сметам оваа поделба, Исток и Запад, за вештачка и мислам дека денес ова е сосема нормален предизвик за оние во семејството на ЕУ да нè прифатат назад во нашиот дом и затоа интеграцијата ја нарекувам реинтеграција или повторно обединување. Тоа е толку нормално и го сметам тој политички влез во ЕУ за круна и затоа не ги заведував моите студенти учејќи ги, можеби не знам повеќе од 30 години, за инспиративниот, sui generis политички систем на ЕУ, не на држава, туку и верував во тоа. Имено, она во што верувам се Копенхагенските критериуми и она во што верувам е владеењето на правото наместо владеењето на човекот.

Затоа, како поранешен долгогодишен член на Венецијанската комисија, минатата недела, во мојот говор реков дека се боревме против владеењето на човекот или против Шајлоци или против венецијанските трговци. Затоа денес, соочени со безбедносни проблеми, бидејќи не зборуваме само за прашањето на проширувањето, бидејќи денес ЕУ мора да биде поголема, посилна, подлабока и ние сме први на тој пат до неа бидејќи Западен Балкан е тука, и покрај фактот дека можеби некој би можел да ми го објасни значењето на оваа синтагма „Западен Балкан“. Навистина не знам што значи бидејќи прво, во 2000 година, се дефинираше како поранешни југословенски држави коишто не беа дел од НАТО и од ЕУ. Потоа, кога Словенија влезе во ЕУ, можете ли да замислите промена на географијата? Минус Словенија плус Албанија, потоа минус Хрватска плус Косово и денес не знам што значи, веројатно Вие знаете подобро од мене, како експерт за геополитика, а јас ја сметав и сè уште ја сметам за периферија на периферијата на Европа. Но, кога велам дека припаѓаме на Европа, го имам на ум дури и името. Европа, малата Европа е од овој регион, од балканскиот регион, и беше киднапирана од Зевс, како што знаете, кој беше трансформиран во бик. Значи, нормално, мислам дека бевме и би сакале да бидеме во ЕУ. И по толку години, за време на комунистичкиот период, охрабрувајќи се да се стави крај на таа транзиција кон комунизам, утописка транзиција, навистина верувам дека не влегуваме во друга транзиција. Но, мојата земја стана или доби или и беше даден статус на кандидат во 2005 година. Значи, бебињата сега се 20-годишни студенти, мои студенти и сè уште чекаат одговор на нашето основно прашање. Заглавени сме, сме во прокрустов кревет, ние сме, не знам што, пред вратата на Брисел и навистина многу политичари би сакале или не би сакале, да звучам многу како поетите коишто велат дека ЕУ е недовршена симфонија без Западен Балкан или дека е Ахилова пета. Но, јас сум во Париз и не очекувам на оваа конференција, Ахил да биде погоден од Парис како што беше во митологијата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago