Македонија

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, и има најмногу советници во 59 општински совети и Советот на Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ покрај огромниот успех на избрани 33 градоначалници уште во првиот круг, има огромен успех на советничките листи со 550 избрани советници во советите на општините и градот Скопје, информира на денешната прес- конференција Владо Мисјаловски.

„550 советнички места за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 232 за СДС, 153 за ДУИ, 66 за Левица се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од апсолутен победник на овие избори и дека граѓаните јасно покажаа во кој правец сакаат да се движи државата.

На овие избори ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласови повеќе на советничките листи во однос на локалните избори во 2021 година, а во исто време СДС изгубиле 111.000 гласови на советничките листи во споредба со 2021 година.

ВМРО-ДПМНЕ е партија со најмногу советници во 59 општини и градот Скопје, од кои во најголем дел има апсолутно мнозинство во советите.

Граѓаните покажаа дека политиките на работа, посветеност и одговорност се политики кои ги преферираат, и политики кои сакаат да продолжат.

Граѓаните избраа раст и развој, одговорност и посветеност и чесна работа. Граѓаните избраа вистински луѓе на вистински места.

Воедно ги повикувам граѓаните да ја заокружиме оваа огромна победа во вториот круг од локалните избори во општините каде што има втор круг. Да излезат масовно и да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мисајловски на одржаната прес конференција на ВМРО -ДПМНЕ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago