Регион

,,ВЕРА, НАДЕЖ,ЉУБОВ“, духовно збогатување за сите во ,,Антон Панов“ Струмица

ГОЛЕМ ДУХОВЕН НАСТАН ВО СТРУМИЦА – ,,ВЕЧЕРИ НА ЉУБОВ, ВЕРА, НАДЕЖ“

Од 25 октомври до 1 ноември 2025 година, Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица ќе биде домаќин на инспиративна серија предавања под наслов „ЉУБОВ, ВЕРА, НАДЕЖ“, со почеток секоја вечер во 19:00 часот. Влез слободен.

Говорник: Проф. Д-р. Иван Миланов (Вања) Професор по Стар Завет на универзитетот Newbold во Англија и раководител на катедра за последипломски студии.

Во текот на 8 вечери, ќе се обработат 8 длабоки теми кои нудат можност за:

Сабота, 25 октомври. Тема: СМРТ ИЛИ СЛОБОДА

Недела, 26 октомври. Тема: ТАКА НИ Е ПИШАНО

Понеделник, 27 октомври. Тема: ЉУБОВТА ЌЕ ГО СПАСИ СВЕТОТ

Вторник, 28 октомври. Тема: НАДЕЖТА ИМА ИМЕ

Среда, 29 октомври. Тема: ДИШЕЊЕ НА ДУШАТА

Четврток, 30 октомври. Тема: МАГИИ, СПИРИТИЗАМ, ОКУЛТИЗАМ: ЗАБАВА ИЛИ ОПАСНОСТ?

Петок, 31 октомври. Тема: КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?

Сабота, 1 ноември. Тема: АПОСТОЛСКАТА НАДЕЖ

Овој настан е отворен за сите кои копнеат по духовно збогатување, размислување и мир во срцето. Без разлика дали сте верник, трагач по вистината или љубопитен слушател — овие вечери ќе бидат патување низ суштинските вредности што го одржуваат човечкиот дух.

Локација: Дом на културата „Антон Панов“, Струмица 🗓️ Датум: 25 октомври – 1 ноември 2025 🕖 Време: Секој ден од 19:00 часот

Ве очекуваме со отворено срце и мисла. Подарете си вечери исполнети со смисла.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago