Премиера на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“од Јохан Штраус II
На 25 октомври 2025 година со
почеток во 20.00
часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата
на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата
„Лилјакот“од
Јохан Штраус II. Втората
изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, 20.00 ч.
Диригент е Бисера
Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска,
костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина
Ѓоргеска, а концерт
мајстор еВерица
Ламбевска.
Во солистичката екипа настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимагловски/Дејан Стоев, Злата Тошевска Димовска, Ана Ројдева, Николина Јаневска/Соња Мадевска, Драган Ампов, Кристијан Антовски, Марјан Николовски, Јаворка Витанова и Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.
„Лилјакот“
е ремек-дело на „кралот на валцерите“ Јохан Штраус II, создадено во 1874
година. Оваа брилијантна оперета претставува маестрална комбинација на љубовни
интриги, недоразбирања и комични ситуации, сместени во блескавиот виенски свет
на валцери, балови и маскенбали. Штраус со својата непресушна музичка
инвентивност и елегантна оркестрација создава партитура исполнета со валцери и
арии кои зрачат со духовитост, шарм и живост. „Лилјакот“ е вистинска прослава
на радоста, убавината и ведрината на животот – дело што повеќе од еден век ја
воодушевува публиката ширум светот и останува вечен симбол на виенскиот шарм и
музичката магија.