Радовиш

По цели десет години пауза, ФК СЛОГА ЗЛЕОВО повторно се враќа на зелениот терен

По цели десет години пауза, фудбалскиот клуб Слога од Злеово повторно се враќа на зелениот терен. Со тоа, овој клуб ја обновува долгогодишната спортска традиција на селото и љубовта кон фудбалот која отсекогаш била силно присутна кај мештаните.

Она што е особено значајно е фактот што ФК Слога Злеово е единствената екипа од Радовишко која оваа сезона ќе се натпреварува во Струмичката општинска лига. Со тоа, клубот не само што го претставува своето село, туку и целата општина Радовиш во регионалното натпреварување.

Од управата на клубот за ТВ Кобра и Mediapress, велат дека овој нов почеток е резултат на ентузијазмот и љубовта кон спортот на младите во Злеово, но и на поддршката од локалната заедница. Сепак, тие очекуваат поголем фокус и помош од општината, институциите и локалните фирми, за клубот да може успешно да се развива и да постигнува уште подобри резултати во иднина.

Со нови сили, млади играчи и голема желба за успех, Слога Злеово ја започнува својата нова фудбалска приказна.

Новиот тренер на ФК Слога Злеово е Трајче Чамов, фудбалер со богато искуство и љубов кон спортот. Своите фудбалски почетоци Чамов ги има во радовишкиот клуб Плачковица, каде ги направи првите чекори во професионалниот фудбал.

„Со своето знаење и посветеност, тој има за цел да ја изгради новата генерација играчи во Злеово и да ја врати Слога на вистинскиот пат – таму каде што ѝ е местото, на теренот и меѓу најдобрите.

Зад обновувањето на ФК Слога Злеово, стои управа полна со ентузијазам и љубов кон фудбалот. Претседателот Ангел, заедно со Мите, со голема посветеност и пожртвуваност работат уште пред почетокот на сезоната за клубот да има сè што е потребно — од опрема и организација, до мотивација на играчите.

Тие се двигателот на новата ера на Слога, пример дека со заедништво и љубов кон спортот може да се постигне многу, дури и кога сè започнува одново“, вели Мане Рујков, како медиумски претставник на ФК Слога Злеово.

Фудбалскиот клуб Слога Злеово упатува голема благодарност до Јавното претпријатие „Плаваја“ за нивната брза и професионална реакција. По првичното обраќање од клубот, екипата на „Плаваја“ веднаш излезе на терен и перфектно ја заврши работата околу расчистувањето на сметот на игралиштето.

„Со вакви примери на соработка, се покажува дека заедно – институциите и спортските клубови – можат да придонесат за почиста, поуредна и поактивна локална заедница. ФК Слога Злеово упатува искрена благодарност до нашите иселеници, кои иако далеку од татковината, не ја заборавија својата Слога. Со својата финансиска поддршка и спонзорства, тие помогнаа клубот повторно да заживее и да се врати на теренот. Нивната поддршка е доказ дека љубовта кон родното место и спортот нема граници“, вели Рујков кој додава.

„Голема благодарност до ТВ Кобра за поддршката и интересот што го покажуваат за нашата работа и активности. Вашето присуство и медиумска поддршка значат многу за ФК Слога Злеово и за целата заедница која стои зад клубот“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago