Струмица

Јанков: Со заокружување на бројот 9 започнува создавање на нова иднина во Струмица

Петар Јанков, кандидат за градоначалник за општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на одржаниот митинг синоќа, во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакна дека време е за политички пресврт и промена во Струмица која ќе ја врати довербата кај граѓаните и дека граѓаните на Струмица се подготвени за нова политичка страница во градот.

„Повеќе од јасно е дека граѓаните сакаат промена. Со секојдневните средби кои ги имам, ја гледам надежта во вашите очи. Време е за политички пресврт кој ќе ја врати довербата кај граѓаните. Да ја отвори вратата за политика на вредности,  чест и промена. И токму оваа визија нè обединува дека иднината на Струмица мора да се гради заедно, без поделби и со јасни цели“, рече Јанков.

Јанков исто така наброи дел од проектите на изборната програма а најголемиот фокус е ставен на инфраструктурата, здравството, борбата со загадениот воздух, уредување на паркови, како и дигитализација на општинските услови и работата на општинскиот Совет.

„Им ветив дека за овие избори ние имаме  конкретен план за иднината на градот. Нашата програма ги опфаќа речиси сите области од општественото живеење, од инфраструктура, образование, животна средина, енергетска ефикасност, спорт,  туризам, социјала и здравство. Да инвестираме во модерна инфраструктура, во нови улици и јавни простори, да се погрижиме за борбата со загадениот воздух и да го решиме проблемот со водата  за пиење. Преку конкретни мерки, субвенционирања, мерни станици и акредитации за лабаратории. Да уредиме нови паркови, зелени зони и јавни простори за сите генерации, да се грижиме за образованието преку  изградби на нови училишта,  спортски сали и базен. Реконструкции и реновирања на повеќе образовни објекти, да ги отвориме вратите за нови инвестиции и работни места, да ги дигитализираме општинските услови и работата на општинскиот совет со цел транспарентно и отворено работење. И уште многу други проекти кои ја чекаат светлината на денот“, истакна Јанков.

На крај Јанков повика на обединување и заокружување на бројот 9 со цел создавање на нова просперитетна иднина во општина Струмица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago