Караванот на СДСМ “Се бориме за нашиот дом” беше во Конче, кандидатот за градоначалник Благој Илиев рече дека ги знае проблемите во општината и знае како да ги реши
Караванот на
СДСМ “Се бориме за нашиот дом” вчера беше во Конче. Кандидатот
за градоначалник Благој Илиев и кандидатите за Советничката листа предводени од
носителот Ристо Томов, ја претставија својата програма и ја побараа поддршката
на претстојните локални избори.
Генералниот
секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ на предизборниот собир на СДСМ и
Коалицијата во Конче рече: „Нашиот кандидат Благој Илиев е човек со визија, енергија и
чесност. Тој веќе покажа дека знае како да решава проблеми и да работи во
интерес на граѓаните.
„Денеска прошетавме овде низ населените места во
општината, заедно со кандидатот и иден градоначалник Благој Илиев и можам да ви
кажам и да изразам едно големо
разочарување, сретнавме една безијденост и четири години, општина која
застанала во времето. Страшно е во 21 век луѓето да ни се жалат дека немаат питка
вода за пиење. Тое е нешто што нашиот кандидат ќе го реши уште на почетокот“
рече Димитријевиќ.
Кадидатот за градоначалник на Општина Конче Благој Илиев ја претстави својата програма. Тој рече дека не само што ги знае проблемите на Конче туку ги има и
решенијата.
„Како што знаете општина Конче денес е најбогатата
општина во државата и пошироко. Од Боров Дол се влеваат некаде преку 1.000.000
евра годишно. Општинските власти немаат визија и ги растураат парите на мали и
безцелни проекти. Ние ќе го изградиме регионалниот пат Радовиш -Конче со две
ленти, со одлука на совет ќе биде прогласен за локален пат. Целосна реконструкција
на сите водоводи во општината, ке направиме и нови бушотини“, рече меѓудругото
Илиев, кој спомна дека секако ќе лобираат и за средства од државата и од
европските фондови. Тој ја побара поддршката од граѓаните за изборите на 19
октомври и вети дека нема да ги разочара.
Носителот на советничката листа Ристо Томов рече дека сите го знаат. Роден е во село Ракитец и одлучил да живее овде бидејќи си го сака својот крај, може да замине и тој но не го направил тоа.