Радовиш

Во просториите на Црвен крст Радовиш се одржа финалниот настан од овогодинешниот ЦКА-ПХВ циклус

На 27.09.2025 година (сабота), во просториите на Црвен крст Радовиш се одржа финалниот настан од овогодинешниот ЦКА-ПХВ циклус. Во рамките на ПХВ неделата (21–27 септември), младите учесници од нашиот град ги претставија своите пет успешно реализирани проекти, преку кои покажаа колку креативноста и тимската работа можат да придонесат за подобра заедница.

На присутните им беа претставени резултатите од секој проект, а младите имаа можност да раскажат дел од своето патување низ овој циклус – предизвиците, учењето и новите пријателства.

Во знак на благодарност за нивниот труд и вложена енергија, на сите учесници им беа доделени благодарници од страна на ОО на Црвен Крст од Радовиш.

„Настанот беше исполнет со топла атмосфера и младински дух, а сите заедно заклучивме дека ваквите иницијативи се вистинска инспирација и мотивација за иднината.

Големо браво и искрена благодарност до сите млади кои беа дел од ПХВ циклусот 2025 во Радовиш – вие сте доказ дека малите чекори создаваат големи промени!“ велат од Црвен Крст, Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago