Тројцата кандидати за градоначалник на Радовиш потпишаа Кодекс за фер и демократски избори
Кандидатите за градоначалник на Радовиш потпишаа Кодекс за фер и демократски избори, Потпишуањето на Кодексот го организираше Општинската изборна комисија (ОИК) во зградата на Општина Радовиш.
Тројцата кандидати кои ќе учествуваат на претстојните локални избори, Лупче Почивалец од ВМРО -ДПМНЕ и коалицијата, Ристо Спасов од коалицијата на СДСМ и Страхил Гавритов како независен кандидат, со потпишувањето на кодексот се обврзаа на фер и демократски избори.
И тројцата кандидати си ветија дека ќе го почитуваат кодексот и си посакаа мирна и фер кампања и да победи оној на кој граѓаните ќе му ја дадат довербата.
Изборната кампања за првиот круг на гласање започнува во понеделник на 29 септември во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 17 октомври.
Според
роковникот објавен од Државната изборна комисија во првиот круг од гласањето за
градоначалник ќе
биде избран оној
кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на гласање излегле една третина од вкупниот
број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната
општина.
Ако во
првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник не го добил потребното
мнозинство гласови, согласно Изборниот законик, во вториот круг се гласа за двајцата
кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.
Вториот круг
на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг
на гласањето.