Денес Премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на Струмица, каде изврши увид во градежните активности на стариот струмички театар. По седум години застој, започнува доизградбата на овој значаен културен објект. Владата продолжува со поддршка за општините – сите проекти поднесени од Струмица во вториот повик беа одобрени и ќе бидат финансирани. Испраќаме јасна порака: ние сме Влада на цела Македонија. Продолжуваме да работиме и да испорачуваме согласно ветувањата дадени пред граѓаните.
,,Денеска присуствував на увид во градежни активности на стариот струмички театар „Антон Панов“ во Општина Струмица.По 7 години кочење, започнува доизградбата на стариот театар.Како Влада продолжуваме да ги поддржуваме општините, се сеќавате Струмица во првиот повик од Министерството за локална самоуправа не поднесе тогаш проект, односно поднесе еден проект којшто не ги исполнуваше условите. Додека пак сега во вториот повик поднесе неколку проекти, улици генерално за асфалтирање и реконструкција и сите тие проекти беа одобрени од страна на Владата и ќе ги финансираме во периодот којшто следи. Сакаме да пратиме порака дека ние сме Влада на цела Македонија, на сите општини.Продолжуваме да работиме, да испорачуваме, тоа е она што кое како Влада го дадовме како ветување пред граѓаните и тоа сакаме да го реализираме“.