На денешната предпоследна седница на Советот на Општина Радовиш, донесен и нов Деловник за работа за следниот Совет
Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа 72-та Седница која е и претпоследна седница на советниците од овој 4 – годишен мандат.
На оваа седница беа усвоени извештаите од три пртходно
одржани седици и информација за извештајот од комисијата за обврска по
претходна одлука за одземање на корисничко право на ООУ Никола Карев, Радовиш, врз објектот –
училиште во населба Раклиш.
Под точката Советнички прашања, немаше ниту едно прашање.
Во продолжение беше констатиран престанок на мандат на член на Советот на
Општина Радовиш, по неприруствување на три седници една по друга.
На оваа седница беше усвоен и Предлог Деловник за работа
на Советот на Општина Радовиш од 22.09.2025 годиниа, кој ќе го применува
следниот Совет.
Во продолжение беше усвоена Предлог Одлука за позитивно
мислење на Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште во УБ 15 во
Радовиш, Општина Радовиш со површина на плански опфат на градежна парцела од 19
944 м2, изработен од Друштво за
произвдство, трговија и услуги ДИЗАЈН
ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ од Кавадарци, од 16 септември 2025 година.
На крајот беше усвоено Барање согласност за отварање на
посебна девизна трансакциска сметка на ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш за
интернационален проект на училиштето.