Свет

Словачка е силен поддржувач на Македонија на европскиот пат

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска се сретна со амбасадорката на Република Словачка во нашата земја, Ивета Хрицова. 

На средбата се дискутираше за напредокот на земјава во контекст на евроинтегративниот процес, како и прогресот кој е направен во однос на спроведените реформи во повеќе области. Беше нагласено дека Словачка е силен поддржувач на Македонија на европскиот пат и дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина. 

Заменик-министерката за европски прашања, Трајков истакна дека Владата и понатаму посветено ќе работи на имплементација на неопходните реформи со цел исполнување на нашата стратешка цел-членството во ЕУ. При тоа, таа се заблагодари на силната поддршка и ангажман на Словачка во реализацијата на европските перспективи на земјава. 

Во наредниот период, како што беше истакнато на средбата, ќе продолжат напорите за  понатамошно продлабочување на македонско-словачката соработка на повеќе полиња со цел зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago