Струмица

Зградата од поранешна ЈНА, едно од поубавите архитектонски зданија во Струмица

Зградата од поранешна ЈНА, едно од поубавите архитектонски зданија во Струмица, поново позната како Инкубаторот, ја имаме целосно реконструирано во едно крило. Во моментот тоа е своевиден мултифункционален центар во кој свои простории имаат невладините организации, но мојата крајна цел е да се заврши целиот објект кој ќе биде доволен за да се смести целата општинска администрација на едно место наместо да бидеме поделени како досега во три различни локации.

Имплементација на единствен административен центар кој е на совршена локација, спој на стариот со најновиот станбен дел на Струмица, ќе овозможи уште поголема продуктивност на вработените, подобра услуга за граѓаните кои нема да имаат потреба да одат по неколку километри за најбанална работа. Објектот е репрезентативен со свој паркинг и зелени површини.Сегашниот објект на Општината може да биде мултифункционален простор со младински центар и секако со музеј на Струмица со посебен акцент на вековниот Струмички карневал.Се надевам и верувам дека следниот градоначалник ќе ја прифати и продолжи и дореализира оваа идеја.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago