Радовиш

Сочувствувајќи со жртвите од пожарот во Кочани, годинава нема да се одржи манифестацијата „Самун ем Татлија„ во Радовиш

Годинава во Радовиш нема да се одржи манифестацијата „Самун ем Татлија“. Според информациите кои ги добивме од градоначалникот Ацо Ристов, одлуката е донесена од страна на Советот на Општина Радовиш на негов предлог.

„Сочувствувајќи со жртвите од големиот пожар во Кочани, оваа година на мој предлог Советот донесе одлука да не се одржи манифестацијата „Самун ем Татлија“. Во годината кога цела држава тагува од несречниот случај кој го погоди Кочани, нема смисла ние масовно да се веселиме и решивме да покажеме почит. Средствата ги искористивме и организиравме побогато Радовишко културно лето и традиционалното чествување на Свети Спасо Радовишки“, изјави Ристов.

Инаку за одржување на оваа манифестација се потребни околу 3.000.000 денари, средства кои се дел од општинскиот Буџет, а дел од спонзорства. Некогаш оваа бројка може да биде и повисока, во зависност од организацијата.

Ристов реагира на одредени обвинувања дека наводно буџетот на Општина Радовиш бил празен, потенцирајќи дека не е точно.

„Буџетот на Општина Радовиш никогаш не бил пополн од сега, за разлика од минатите години, кога ја немавме и концесијата од рудникот Бучим“, вели градоначалникот Ристов кој очекува дека радовишани ќе ја разберат неговата добра намера.

Инаку Радовиш веќе 10 години е домаќин на една од најпрепознатливите културни и пред се гастрономски манифестаци во Македонија – „Самун ем Татлија“, настан што ја слави и ја зачувува традицијата.

Манифестацијата, која редовно се одржува во месец октомври веќе 10 години, има за цел промоција на сомунот и татлијата како заштитни знаци на Радовиш.

Илјадници сомуни и стотици килограми татлија, се трошат на оваа манифестација секоја година. Се прави и најголемиот сомун  кој достигна и до 6,5 метри должина.   Манифестацијата „Самун ем Татлија“ стана заштитен знак на Радовиш и прерасна во традиција, со посета на илјадници граѓани од Општина Радовиш и од цела Македонија и странство.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago