Струмица

Пуштена за сообраќај првата делница од новиот булевар Струмица – Дабиље

-Денеска на мое огромно задоволство е пуштена за сообраќај првата делница од новиот булевар Струмица – Дабиље. Овој проект е во партнерство финансиран од ЈПДП и Општина Струмица, односно со финансии од македонскиот народ. Со ова сакам да направам дистинкција од некои претходни расправии кој го почнал, кој го направил, како го направил, не само овој пат, ќе се согласите дека ние и за стратешките коридори сами се делиме, правејќи поделби и кавги дополнително во и така кревкото ткиво на политичка емоција помеѓу Македонците“, вели градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.

Тој појаснува дека патот е започнат како проект на ЈПДП во време кога директор беше Зоран Китанов, одлуката и партнерскиот договор и спогодба е потпишан од негова страна како градоначалник со тогашниот директор Ејуп Рустеми, а првата делница е финализирана со директорот Коце Трајановски.

„Овде им благодарам на сите нив за својот личен придонес во реализацијата на проектот, благодарам на мојот тим при Општина Струмица за давањето надчовечки напори со цел да се надминат огромниот број на имотно-правни проблеми кои ги имаше оваа делница, а ќе ги имаат и останатите до конечно завршување на целиот проект.

Јас овде го разбирам целото нетрпение и нервоза од граѓаните, да, во право сте, вам не треба да ве интересира која е позадината за пролонгирање на изградбата, туку ве интересира динамиката која мораме да ја следиме. Но мора да разбереме, законите се такви какви што се и од тоа бегање нема.

Важноста на овој проект е огромна. Покрај растеретувањето на сообраќајот, што е клучно за една од најоптоварените делници во државата, поврзувањето на добар дел од струмичките села е особено важно“, вели Костадинов.

Со реализацијата на овој проект практично Дабиље не може да има третман на село, туку струмичка населба која има булеварско поврзување до центарот на градот, на нецел километар две индустриски локални зони и директно поврзување со Република Бугарија, вели градоначалникот Костадинов, и повикува: Да бидеме единствени, да бидеме свесни и совесни, патот е за граѓаните и од граѓаните и како таков ќе остане.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago