Струмица

Со пригодна програма одбележан 11 септември – Денот на ослободувањето на Струмица

Со пригодна програма на Спомен костурницата на паднатите борци од НОАВ, денеска беше одбележан 11 септември – Денот на ослободувањето на Струмица.

За значењето на празникот зборуваше Елена Маѓеровска Паликарова заменик градоначалник и член на Советот на општина Струмица.

-Историјата на Струмица е историја на отпор и на вера во правото на слобода. Секое семејство во овој град носи спомен, приказна или сведоштво за тоа време, за болката, но и за радоста на слободата. Нашата задача е овие приказни да не ги заборавиме, туку да ги пренесуваме на младите генерации, за да знаат дека сегашноста што ја живеат е резултат на многу жртви и на многу љубов кон татковината. Секое ново време носи свои предизвици и свои битки. Ние денес сме должни да се бориме со знаење, со труд и со посветеност, за да изградиме современа и развиена Струмица – град на еднакви можности, на економски раст и на културен и општествен напредок. Единаесетти септември е и ден на единство. Ослободувањето на Струмица не би било возможно без заедништвото и слогата на нашите предци. Тоа заедништво треба да го чуваме и денес без разлика на разликите меѓу нас, затоа што сите ние сме дел од истиот град и од истата историја. Само обединети можеме да се соочиме со предизвиците на иднината и да изградиме подобра заедница, рече Паликарова.

По полагањето свежо цвеќе од страна на претставниците на општина Струмица, политичките партии, општинските институции и здруженија на граѓани, се одржа мал митинг на револуционерна поезија од членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица.

Во чест на празникот, вечерва во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе биде отворена традиционалната изложба на дела од годинашната меѓународна струмичка ликовна колонија, со почеток во 19:30 часот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago