Македонија

Уапсени шест вработени во Национални шуми, си приграбиле 170 илјади евра од продажба на дрва, пресечени но не евидентирани

Кривична пријава против шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, со несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување, нанеле штета на буџетот на претпријатието од над 170.000 евра СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против И.Т.(30) од Демир Хисар, И.Р.(59) од с.Кутретино, демирхисарско, Б.Ј.(60) од с.Слоештица, демирхисарско и С.У.(50) од Демир Хисар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против А.Ш.(31) од с.Смилево, демирхисарско и М.Ѓ.(46) од с.Загорче, демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првопријавениот И.Т., вработен во ЈП „Национални Шуми“ како раководител на Подружница „Бигла“ – Демир Хисар, во текот на 2023 и 2024 година несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности, односно посредно преку својата шумо-чуварска служба не извршил теренска контрола во атарот на с.Прибилци каде што бил утврден кусок од 343 кубни метри дрвна маса, која била посечена, но не и евидентирана во сметководствената евиденција на подружницата.

На тој начин нанел штета на јавното претпријатие во износ од 2.401.000 денари или 39.040 евра. Исто така, со неизвршување на теренска контрола во реонот на Шумско стопанска единица ,,Илинска планина’’, бил утврден кусок од 954 кубни метри дрвна маса, која била посечена, но не евидентирана во сметководствената евиденција на подружницата и на ЈП „Национални Шуми“ првопријавениот нанел штета во износ од 6.678.000 денари или 108.585 евра. Во Шумско стопанска единица ,,Пречиста’’ бил евидентиран кусок на дрвни сортименти во количина од 83.30 кубни метри со што првопријавениот на ЈП „Национални Шуми“ нанел штета во износ од 583.100 денари или 9.481 евра.

Додека, во Шумско стопанска единица ,,Јаворец’’ бил евидентиран кусок на дрвни сортимани во количина од 123,80 кубни метри со што првопријавениот на јавното претпријатие му нанел штета во износ од 866.600 денари или 14.091 евра. Според таблицата за пресметка на штета, посечени биле вкупно 1.504 кубни метри, при што на ЈП „Национални Шуми“ му била нанесена вкупна штета во износ од 10.528.000 денари или 171.186 евра. Второпријавениот И.Р., во текот на 2023 и 2024 година, како раководител на шумо-чуварска служба во Подружница „Бигла“, заедно со трето и четвртопријавениот, шумо-чувари во подружницата, не извршиле теренски надзор, односно не ја извршувале примарната задача да ја чуваат шумата во државна сопственост и на тој начин дозволиле на локациите да биде посечена дрвната маса и на претпријатието да му биде нанесена штетата. Петтопријавениот А.Ш., референт за превоз во подружницата, во текот на 2023 година се задолжил со приемница за сеча и приемница за дотур на 185,5 кубни метри огревно дрво, а по извршената испорака, во 2024 година од страна на пописната комисија бил констатиран кусок од 83.3 кубни метри и на тој начин била нанесена штета на јавното претпријатие.

Шестопријавениот М.Ѓ., референт за сеча и дотур, во текот на 2023 година се задолжил со приемница за сеча и приемница за дотур на вкупно 604 кубни метри огревно дрво, а по извршената испорака во 2024 година од пописната комисија бил констатиран кусок од 155,3 кубни метри огревно дрво.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago