Радовиш

После 100 години од изградбата, целосно реконструиран објектот на Противпожарна единица (ТППЕ) во Радовиш

После 100 години од изградбата, целосно реконструиран објектот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Радовиш, инвестиција вредна околу 12 милиони денари, 50% обезбедени од Општина Радовиш, 50% од Центарот за развоја на ЈПР.

 За таа цел, Министерот за локална самоуправа Златко Перински беше во посета на Радовиш, како дел од „Промо Караван во Југоисточниот плански регион“ во чии рамки Перински ги посети и општините Василево и Босилово.

Министерот Перински, заедно со градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов, градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, и градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, извршија увид на тековните инвестиции што се реализираат преку Програмите за рамномерен регионален развој.

Во фокусот на посетата беа три значајни проекти кои опфаќаат повеќе активности и се спроведуваат во различни општини од Југоисточниот регион:

  • „Подобрување на енергетската ефикасност на јавни објекти во Југоисточниот регион“ – проект со вкупна вредност од 33.825.422 денари. Корисници на проектот се општините Радовиш, Гевгелија и Босилово.
  • „Создавање на модерна патна мрежа во Југоисточниот плански регион“ – проект со вкупна вредност од 8.866.118 денари. Корисници на проектот се општините Босилово и Василево.
  • „Дигитализација во основното образование со помош на смарт табли“ – проект со вкупна вредност од 2.268.000 денари, со кој се обезбедени 23 интерактивни табли за основните училишта во општините Василево, Богданци, Босилово и Ново Село.

 Градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов рече дека Ова значајно вложување го подобрува капацитетот за заштита и безбедност на граѓаните. Градоначалникот Ристов истакна благодарност до Министерството за локална самоуправа и Југоисточниот плански регион кои го поддржаа и финансираа овој проект, преку Програмите за рамномерен регионален развој.

 Реконструкцијата  опфати целосна замена на кровната конструкција,  

Нови врати, прозорци, подови и електроинсталации, Инсталација на противпожарен водовод со хидранти и млазници, Системи за греење и ладење,  Партерно уредување и подобрување на водоводната мрежа.

„Во Радовиш, пожарникарите добија поекономичен објект во кој можат мирно да ја вршат својата работа – истакна министерот Перински и додаде „Задоволен сум што оваа Влада покрај интервентната мерка преку двата јавни повика за поддршка на инфраструктурни проекти изнајде средства и другите програми како што е Програмата за рамномерен регионален развој да не замрат, туку и преку нив да се финансираат значајни проекти.“

Командирот на ТППЕ Александар Кулушиќ рече дека сега имаат современи услови за престој и работа како што имаат пожарникарите насекаде во светот.

Задоволство од реализацијата на овие проекти изрази  и директорот на Центарот за развој на ЈПР, Ѓоко Камчев кој најави уште поголеми вложувања во противпожарната заштита со инсталирање на термални камери за навремено откривање на пожари.  

Во Општина Босилово во рамките на проектот се изградија три улици во три населени места, во вредност од 4,3 милиони денари и целта е како што рече градоначалникот Ристо Манчев да не остане ниту едно населено место без асфалтирана улица.

-Општина Василево преку ЦРЈПР доби два проекти, улица ви Пиперово и набавка на 7 смарт табли за потребите на училиштата, рече градоначалникот Славе Андонов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago