Валандово

Средношколци рокот е во тек до 30. 09. 2025 година

Јавен повик за субвенционирање семејства за запишан средношколец во прва година во учебната 2025/2026 година

Во тек е повикот за аплицирање за субвенција од 10.000 денари за секој новозапишан ученик во СОУ „Гоце Делчев“ во Валандово.

Право на субвенција за семејствата кои имаат ученик запишан во прва година во СОУ „Гоце Делчев” Валандово имаат родителите/старателите на сите ученици запишани во прва година, за прв пат во средното општинско училиште, во учебната 2025/2026 година.

За остварување на правото на субвенционирање на семејствата кои имаат ученик запишан во прва година, се поднесува Барање до Општина Валандово, во период од 02.06.2025 година до 30.09.2025 година.Барањето за остварување на еднократна помош за средношколец, може да се поднесе:

  • онлајн преку веб или мобилната верзија на дигиталната платформа мЗаедница, во делот за „Субвенции“ или
  • писмено пополнување и поднесување на барање до архивата на Општина Валандово;

Непополнето барање е прикачено на официјалната веб страна на општината и може да се симне на следниот ЛИНК.Документи кои треба да се достават во прилог на барањето се:

  • Потврда за запишан ученик во прва година за прв пат, во учебната 2025/2026 година издадена и заверена од Средното општинско училиште „Гоце Делчев” Валандово;
  • Фотокопија од важечки лични карти или патни исправи од родителите/старателите на ученикот;
  • Извод од матична книга на родените за ученикот;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателите.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago