Струмица

Струмичките пожарникари најплатени во Македонија, со месечна плата од 80.000 денари, 20% зголемување на платите и за администрацијата

-Хероите на Струмица нашите пожарникари спасители од септември ќе ја добијат заслужената награда за својата храброст и пожртвуваност, објави градоначалникот Костадин Костадинов кој денеска ги потпиша новите решенија.

„Со новите решенија тие ќе бидат најплатени во Македонија, со месечна плата од 80.000 денари. Тоа е најмалку што можеме да направиме за луѓето кои секојдневно го ризикуваат сопствениот живот за да спасат туѓ. Истовремено, потпишани се решенијата и за сите вработени во општинската администрација, кои согласно колективниот договор ќе добијат 20% зголемување на платите. Тоа е порака дека трудот и посветеноста во служба на граѓаните не остануваат незабележани. Знам дека ниту една бројка не може да ги надомести сите стресови, ризици и одговорности. Но ова е доказ дека Струмица знае да каже благодарам не само со зборови, туку и со дела. Ова не е само финансиска одлука. Ова е симбол на почит. Симбол на вреднување. Симбол на нова ера во која храброста и чесниот труд стојат на пиедестал. Од денеска секој пожарникар спасител и секој вработен во општината знае дека нивниот град стои зад нив, со почит, со благодарност и со дела што траат“, објави Костадинов на социјалните мрежи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago