Радовиш

Успешно стартува новата учебна година и за средношколците во СОУ Коста Сусинов, Радовиш

Околу 180 ученици кои ја избраа радовишката гимназија како свој избор за да го темелат своето идно образование, денеска за прв пат влегоа во просториите на СОУ Коста Сусинов во Радовиш и беа срдечно пречекани како од вработените така и од своите соученици.

Први септември симболика на нов почеток, на нова шанса, на нова надеж. Почеток на ново поглавје од својата ученичка приказна, полна со труд, соништа, пријателства и успеси.

„Наши идни средношколци, од денес станувате дел од нашето училишно семејство, чувствувате возбуденост, можеби и мала доза на несигурност, но бидете сигурни дека овде ќе го пронајдете вашиот втор дом. Очекувајте нови другарства, нови искуства и нови хоризонти што ќе ви ја отворат патеката кон зрелоста. Посакувам да се продолжи со истата енергија и упорност со која досега чекореа учениците во нашето училиште. Средното образование е повеќе од оцени – тоа е градење на карактер, истрајност и личен развој. Искористете го времето мудро, оставете трага и бидете пример за другите. Училиштето е место каде што се учиме на живот. Место каде што откриваме како да бидеме чесни, одговорни, истрајни. Знаењето кое ќе го стекнете овде е ваше и никој никогаш нема да може да и го одземе, а вредностите кои ќе ги понесете се вашиот компас во животот.Среќен почеток на новата учебна година“, и посакаа од училиштето на идните средношколци.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago