Македонија

СДСМ: Животниот стандард паѓа, платите во Македонија се 35% од европскиот просек а цените над 60%

„Владата на Христијан Мицкоски ги запре политиките на СДСМ за постојано покачување на платите и го доведе животниот стандард на граѓаните до точка на преживување. Додека платите стагнираат, цените вртоглаво растат, животниот стандард на граѓаните опаѓа постојано“, велат од СДСМ на прес конференција.

Од СДСМ додаваат дека просечната плата во Македонија денеска изнесува само околу 35% од европската просечна плата, односно една третина. Од друга страна пак, цените во Македонија се високи, и достигнуваат на 60% од европскиот просек на цени.

„Тоа значи дека граѓаните во маркет, на пазар, во продавница, плаќаат речиси европски цени, а мора да живеат со трипати пониски плати.

Синдикалната потрошувачка кошничка во август достигна 65.507 денари. Двајца вработени со минимална плата во едно семејство немаат доволно пари да ги покријат основните месечни трошоци.

Минималната плата во Македонија е меѓу најниските во Европа и во регионот.

Во БиХ минималната плата е 511 евра, во Србија 500 евра, во Црна Гора од 600 до 800 евра.

Во Македонија, со власта на Мицкоски, минималната плата се држи на дното, иако требаше одамна да достигне 500 евра. Наместо тоа, работниците добиваат само трошки, леб и сол.

Погрешните економски политики на оваа влада ги заковаа платите и животниот стандард на дното во Европа.

Не може да има 6 милијади евра буџет, да нема пари за граѓаните и за работниците а да има за папаја, манго и луксузирања за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа мора итно да се промени. Единствената вистинска политика денес мора да биде:

  1. Итно покачување на платите во сите сектори,
  2. Зголемување на минималната плата на 500 евра веднаш
  3. Мерки за намалување на високите цени, како укинување на ДДВ за храна што го предложи СДСМ.

Тоа се единствени и реални политики за достоинствен живот на работниците и граѓаните“, изјави портпаролот на СДСМ Богданка Кузеска на денешната пред – конференција.


Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago