Струмица

ОО СДСМ Струмица, изразува загриженост за состојбата во кое е доведено ЈП “Паркиралишта” Струмица

ОО СДСМ Струмица, во објава на социјаните мрежи изразува загриженост за состојбата во кое е доведено ЈП “Паркиралишта” Струмица, по најавата дека вработените спремаат штрајк доколку не се одблокира сметката на претпријатието и не се исплати јулската плата.

„ОО СДСМ со политиките во минатото е препознатлив по ажурноста и редовното сервисирање на обврските кон јавните претпријатија, па затоа ИТНО АПЕЛИРАМЕ, градоначалникот Костадинов веднаш да изнајде решение и веднаш да го исплати долгот кон ЈП Паркиралишта Струмица, за вработените да можат да ги добијат своите заостанати плати и да фунционираат во нормални услови. Општина Струмица е симбол на ефикасност и почитување на работничките права, затоа нема да дозволиме да се руши кредибилитетот кој е граден години наназад. ОО СДСМ Струмица, ги почитува сите работнички права и ги поддржува работниците во користење на сите правни алатки за заштита на нивните права. А за крај се прашуваме, зошто сега, зошто вака? Почитуван градоначалник, по принципите на социјалдемократските вредности, овозможете работникот да биде вреднуван и уважуван со дела, а не со зборови!“ стои во објавата на ОО на СДСМ од Струмица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago