Радовиш

Рудник „Бучим“ партнер на заедницата во кризни моменти, како што беше пожарот на планината Готен

Во најкритичните денови од огнената стихија што ја зафати планината Готен и околината на Радовиш, рудникот „Бучим“ и „Боров Дол“ застанаа цврсто зад локалната заедница – не со зборови, туку со конкретна акција на терен. Мобилизирани беа машини, гориво, оброци, логистика и – најважно од сè – луѓе, кои без двоумење одговорија на повикот за помош, велат од менаџерскиот тим на рудникот Бучим.

„Рудникот активно се вклучи во координираните активности за спречување на ширењето на пожарите, кои сериозно се закануваа на населените места. Интервенциите беа реализирани во целосна соработка и под координација на надлежните институции – Противпожарната единица, Центарот за управување со кризи и локалната самоуправа. Две рударски машини – цистерна и булдожер – беа ангажирани на најкритичните локации. Во координација со Црвен крст Радовиш, беа обезбедени пакети со вода, електролити и храна, кои беа дистрибуирани до пожарникарите, припадниците на Армијата, полицијата и другите теренски служби и волонтери. Вкупно беа доставени 950 оброци во текот на трите најинтензивни денови од борбата со пожарот. Дополнително, на Општина Радовиш ѝ беше донирано гориво во вредност од 5.000 евра за потребите на механизацијата на терен.

Цистерната беше транспортирана на 27 јули од рудникот до селото Подареш. Во следните четири дена, машината служеше како мобилен пункт за полнење на возила со вода, клучен ресурс за гаснење на пожарите. Постојано дежурната екипа од осуммина вработени од „Бучим“ се грижеше за нејзиното непречено и безбедно функционирање. Истовремено, булдожерот беше активиран на теренот кај селото Јаргулица, каде започна изградбата на заштитен противпожарен појас со ширина од 12 до 17 метри. Во првите два дена, расчистен беше појас со вкупна должина од над 7,5 километри – од селото Јаргулица до Покрајчево, а потоа и до постоечките линии над селото Злеово, блиску до браната. Овие интервенции беа од суштинско значење за прекинување на огнот и заштита на поширокиот регион.

Сите активности беа спроведени под надзор и логистичка координација од страна на искусни членови на тимот – раководители, оператори и возачи – сите вработени во „Бучим“. 

„Во вакви моменти се гледа вистинската сила на заедницата. Нашите вработени покажаа висока одговорност, храброст и професионалност во момент кога беше најпотребно. Поддршката што ја обезбедивме не беше само техничка – тоа беше искрено вложување во безбедноста на заедницата“, Кристина Крстева, директор за одржлив развој на рудниците Бучим и Боров дол

Со оваа интервенција, Бучим уште еднаш покажа дека е повеќе од индустриски капацитет – тој е партнер на заедницата, подготвен да помогне кога е најпотребно. Помошта не беше обврска. Беше должност – човечка и морална. Рудникот уште еднаш потврди дека стои  цврсто зад заедницата – со ресурси, луѓе и солидарност“, стои во објавата од рудникот Бучим.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago