Радовиш

Повторно започна со работа канцеларијата на Централен регистар во Радовиш после осум месеци од кога беше затворена

Повторно започна со работа канцеларијата на Централен регистар во Радовиш после неколку месеци од кога беше затворена. Во интерес на деловниот свет, фирмите и граѓаните од Општина Радовиш, во истите канцеларии повторно ќе бидат достапни услугите на Централен регистар електронски и во харртиена форма.

– Потребата за отварање на канцеларијата е прашање за кое воопшто не треба да се дискутира, рече градоначалникот Ацо Ристов, кој денеска заедно со директорката на Централен регистар на Република Македонија Анита Стамнова, беше во посета на канцеларијата во Радовиш.

-Сето она што го нудиме во централа го нудиме и во оваа канцеларија со цел  да бидеме поблиску до граѓаните, рече директорката Стамнова, која спомна дека освен во Радовиш овие денови се отворени уште пет канцеларии и во други градови, кои претходно биле затворени поради пензионирање на вработени.

Канцеларијата на истата локација каде што беше и претходно, на улица Свети Спасо Радовишки. Опремена е со потребната опрема и во неа ќе работат две вработени од 8 до 16 часот, кои се веќе обучени.

 Граѓаните не мора повеќе да патуваат до Струмица или Штип за услуга од Централен регистар, тоа ќе можат да го завршат во Радовиш. Пред околу две години на иницијатива на градоначалникот Ристов, Радовиш повторно доби и шалтер на ЕВН кој со години беше затворен и илјадници граѓани од општините Радовиш и Конче патуваа до Струмица за обично барање.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago