– Стендап
шоу „Влези, не се соблакај“ на Весна Петрушевска Бејби синоќа ја насмеа присутната
публика на летната сцена на Центарот за култура Ацо караманов во Радовиш. Околу
час и половина Весна неуморно и во нејзин стил зборуваше на повеќе теми кои
како што реше се според предвидено сценарио и ништо не е случајно.
Центарот за култура „Ацо Караманов“ ова лето нуди богата и квалитетна културна понуда на отворено, во рамки на традиционалната програма „Караманова летна сцена 2025“. Вечерва со почеток во 20,30 часот ќе се одржи Интерактивна монодрама на актерот Игор Ангелов, а утревечер театарска претстава – „Добри луѓе“ на Театар „Златен Елец“.
На 12.08.2025 – „Петок 13-ти“ – театарска комедија (Струмички театар) 13.08.2025 – Бојан Велевски – Стендап-комедија вечер 14.08.2025 – „Од две мајки браќа“ – Кабаре шоу 15.08.2025 – Никола Тодороски – Стендап шоу „Лошо куче“ 16.08.2025 – Серенада фестивал „Са ноќ седам“ 17.08.2025 – Целовечерен концерт на НУ Камерен оркестар – Битола 18.08.2025 – Концерт на групата „Троја“ – 10-годишен јубилеј 19–21.08.2025 – Духовна и културно-забавна програма по повод празникот Свети Спасо Радовишки.
— Центарот за култура „Ацо Караманов“ продолжува да ја збогатува летната културна сцена на Радовиш со настани од сите жанрови – од театар и стендап, до класична и популарна музика, со посебно внимание кон празнувањето на локалниот заштитник Св. Спасо Радовишки.