Центарот за култура „Ацо Караманов“, Радовиш, продолжува со богата летна програма на отворена сцена
Центарот за култура „Ацо Караманов“ од Радовиш, ова лето нуди богата и квалитетна културна понуда на отворено, во рамки на традиционалната програма „Караманова летна сцена 2025“. Во текот на месец август, културните настани ќе се одвиваат на две локации:
Летно кино – ќе биде домаќин на театарски претстави, стендап-комедија и кабаре шоуа.
На Плоштадот „Св. Спасо Радовишки“ – ќе се одржат концерти и музички настапи.
Во рамките на програмата — КАРАМАНОВА ЛЕТНА СЦЕНА 2025, на Центарот за култура, за месец август е предвидено:
07.08.2025 – Весна Петрушевска Бејби – Стендап шоу „Влези, не се соблакај“
15.08.2025 – Никола Тодороски – Стендап шоу „Лошо куче“
16.08.2025 – Серенада фестивал „Са ноќ седам“
17.08.2025 – Целовечерен концерт на НУ Камерен оркестар – Битола
18.08.2025 – Концерт на групата „Троја“ – 10-годишен јубилеј
19–21.08.2025 – Духовна и културно-забавна програма по повод празникот Свети Спасо Радовишки — Центарот за култура „Ацо Караманов“ продолжува да ја збогатува летната културна сцена на Радовиш со настани од сите жанрови – од театар и стендап, до класична и популарна музика, со посебно внимание кон празнувањето на локалниот заштитник Св. Спасо Радовишки.