Струмица

Започна јубилејното 20-то издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ во Струмица

Синоќа, во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, во присуство на видни гости и љубители на филмот, се отвори јубилејното 20-то издание на меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“.

На самото отворање беше македонската премиера на краткометражниот оскаровец „Јас не сум робот“ на Викторија Вармердам и на „Мечокот по име Војтек“ на Ијан Гарднер, добитник на БАФТА.

Модераторот на вечерта, Сузана Мицева, рече дека „Астерфест“ не е само фестивал на кој се прикажуваат филмови – тој е платформа за авторите кои заслужуваат да бидат слушнати и видени, за приказните кои нè трогнуваат, нè провоцираат, нè менуваат и секој филм што ќе го видиме на овогодишното издание е резултат на нечија посветеност, визија, но и борба да се остане верен на себе.

Таа ја прочита и пораката на градоначалникот Костадин Костадинов, во која тој го истакна местото на „Астерфест“ како манифестација што со својата автентичност и креативност стана еден од клучните белези на културната сцена во Струмица и вети продолжување на поддршката, како доказ за заложбата на Општина Струмица за развојот на културата и уметноста.

Емил Рубен, добитникот на специјалната награда, плакета на „Астерфест“ за долгогодишни врвни актерски остварувања во македонскиот и балканскиот филм и еден од нашите најмаркантни актери, со возбуда евоцираше спомени од неговото плодно 70-годишно филмско искуство и зборуваше за неговиот посебен респект кон Струмица, како град на значајни личности и творци. Плакетата му ја врачи основачот и директор на „Астерфест“ Горан Тренчовски, македонски режисер и писател.

Денес претпладне е традиционалната посета на филмските гости во Манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

По вчерашното врнежливо време, вечерните проекции треба да продолжат да се одвиваат во Амфитеатарот во Градскиот парк во Струмица. Ќе се прикажат балканската премиера на „Самотија“ на Бошко Боби Грубиќ, „Сок од портокал“ на Александар Атане, „Браќа по застава“ на Пеп Стојановиќ, „Лаеж“ на Бранислав Милатовиќ, „Мајчински инстинкти“ на Ема Зафировска, како и изборот од македонската продукција, меѓу кои „Амра“ на Васил Христов, „Избор“ на Марко Црногорски, „Состојба на умот“ на Александра Кардалевска и „Турбо-нет“ на Надежда Панов.

Утре, со почеток во 11:00 ч., во „Јуроп хаус“ ќе се одржи и промоција на новото коло од едицијата филмолошка и уметничка литература „Словенски Орфеј“, на која ќе зборуваат и Зоран Стефановиќ и Мимоза Рајл, а утревечер во 20:30 ч., по прогласувањето на наградите од жирито во состав на филмските автори: Клара Дошлов, Сезер Салихи и Ице Виранов, ќе има специјална проекција на дигитализираната копија од Кинотеката на Македонија на среднометражниот филм „Писмо“ на Васил Христов, во чест на Емил Рубен и како одбележување на 25 години од снимањето.

Струмичкиот „Астерфест“ ќе трае до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, посветен, како и секогаш, на авторскиот филм.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago