Согласно
оперативниот план на Владата на Република Македонијс за 2025 година, Програмата за активности на
општина Радовиш од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за
2025 донесена на Советот на општина Радовиш и предвидените средтсва во Буџетот
на општина Радовиш за 2025 год., Градоначалникот распишува:
ЈАВЕН
ОГЛАС за ангажирање на 6
(Шест) евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа
за период од 4 (четири )месеци.
I.Услови
за пријавување се:
а)
долгорочно евидентирани невработени лица
б) ниско
квалификувани невработени лица
в) лица над
55 години
Пријавувањето
ќе се врши во просториите на општина Радовиш во Архива, од 31.07 а најдоцна до 04.08.2025 година,
секој ден од 7:30 часот до 15:30 часот.
За
кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата
Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750
денари бруто износ, од 20 часа неделно за времетраењето на работното
ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и
телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
-За
лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани, предвидена е месечна финансиска
поддршка за секое ангажирано невработено лице, во кои е вклучен персонален
данок на доход, осигурување во случај на несреќа при работа и професионално
заболување.
-За време на
вршењето на работниот ангажман , ангажираните невработени лица не ги губат
правата по основ на невработеност.Со секое од избраните лица, по извршениот
избор, општина Радовиш ќе склучи посебен договор во времетраење од 4 месеци
Избраните
лица ќе работат на следните работни задачи:
Посета и
давање подршка на лица кои имаат потреба од подршка и помош од друго лице .
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат
во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев