Исплата на концесиски надоместоци за 2025 година од рудниците Бучим и Боров Дол кон општините Радовиш, Конче и Штип
Рудниците Бучим и Боров Дол кон општините Радовиш, Конче и Штип ќе распределат вкупно 181.754.332 денари, концесиски надомест за 2025 год. Најголем дел од овој финансиски колач ќе добие Општина Конче, потоа Штип и на крајот Општина Радовиш, за околу 32 милиони денари помалку од Општина Конче.
Имено како што информираат од рудниците, Друштвата за производство и трговија со минерални суровини ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш и ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш, во согласност со своите концесиски договори и измените во Законот за минерални суровини, доследно ја спроведуваат законската обврска за навремена, транспарентна и отчетна исплата на концесиски надоместоци кон засегнатите општини.
Исплатите се
реализираат врз основа на Одлуката за распределба на концесискиот
надоместок за 2025 година („Службен весник на РСМ“ бр. 94/2025 од 12 мај
2025 година), а пресметките се вршат согласно Тарифникот за пресметка на
концесиски надоместоци.
Вкупниот
планиран износ за 2025 година кој ќе биде распределен кон општините Радовиш,
Конче и Штип изнесува 181.754.332 денари, што претставува
значителен финансиски придонес за буџетите на овие локални самоуправи.
Исплата по
општини:
Општина
Конче
76.128.839 денари
– концесиски надомест за експлоатација на минерални суровини
809.607
денари – надомест за користење простор Вкупно: 76.938.446 денари
Општина
Штип
59.720.528 денари
– концесиски надомест за експлоатација на минерални суровини
544.604
денари – надомест за користење простор Вкупно: 60.265.132 денари
Општина
Радовиш
41.556.529 денари
– концесиски надомест за експлоатација на минерални суровини (Бучим и
Боров Дол)
2.994.225
денари – надомест за користење простор (Бучим и Боров Дол) Вкупно: 44.550.754 денари
„Преку
овие исплати, Бучим и Боров Дол обезбедуваат директен придонес во локалниот
економски и инфраструктурен развој, со што активно го поддржуваат финансирањето
на општински проекти и подобрување на животниот стандард во регионот. Овие
средства претставуваат директна поддршка за финансирање на
инфраструктурни, еколошки и општествени проекти во локалните заедници, а
со тоа и долгорочна вредност.
Согласно
член 76 од Законот за минерални суровини, концесискиот надоместок за
експлоатација на минерални суровини се распределува помеѓу државата и општините
на чии територии се врши експлоатацијата, во размер утврден со Одлука на Влада.
Со измените на Тарифникот за утврдување на висината на надоместоците
за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и
концесии за експлоатација на минерални суровини
од 2024 година, двојно (од 2% на 4% од пазарната
вредност на бакар -метал по тон во секој тон произведен бакарен концентрат,
односно од 2% на 4% од пазарната вредност на злато – метал по тон во секој тон
произведен од кој било концентрат од страна на концесионерот) се зголеми
уделот кој им се распределува на општините, овозможувајќи им поголеми буџетски
приходи од рударската дејност.
Како
општествено одговорни компании, рудниците Бучим и Боров Дол остануваат доследни
на својата заложба за одговорно управување со природните ресурси и за градење
стабилни и долгорочни партнерства со локалните заедници. Исплатата на
концесиски надоместоци е само еден сегмент од пошироката стратегија за
одржлив развој, кој опфаќа економски, општествени и еколошки аспекти“, велат
од рудниците Бучим и Боров Дол.