Прогласена вонредна состојба на територијата на Општина Радовиш на денешната итна седница на Советот. Пожарот на Готен станува закана за населените места Подареш и Јаргулица
Прогласена вонредна состојба на територијата на Општина Радовиш на денешната итна седница на Советот. Пожарот на Готен станува закана за населените места Подареш и Јаргулица.
Поради алармантната состојба со пожарот на планината Готен кој беснее повеќе од 5 дена на радовишка територија и се приближи кон селата Подареш и Јаргилица, денеска советот на Општина Радовиш одржа итна седница на која беше донесена одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на општина Радовиш. Потребата од прогласување на вонредна состојба ја образложи градоначалникот Ацо Ристов, кој рече дека иако се вклучени сите институции со свои ресурси и дел од приватни фирми со механизација, поради долгиот појас од десетина километри и непристапниот терен пожарот се шири и не може да се стави под контрола.
Советникот Јован Ристо изрази разочарување од недоволната координираност на институциите но и од одговорноста од страна на граѓаните кои не се пријавуваат за да помогнат, се додека не бидат загрозени нивните имоти.
-„Додека Готен гори во Ораовица се одржува турнир во мал фудбал, кава е оваа себичност и неодговорност“ рече Јованов кој беше иритиран што се дозволило пожарот од кај Нивичино, Општина Василево да се прошири кон општините Берово и Радовиш.
Градоначалникот Ристов рече дека сепак има добра координираност помеѓу институциите и планови во случај на евакуација, за што се надева дека нема да дојде до тоа бидејќи се очекува денеска поголемиот дел од пожарот да биде ставен под контрола. Тој сепак апелира до идните генерации да бидат подготвени и за пожари и за поплави поради климатските промени.
На седницат освен Предлог одлука за прогласување на вонредна состојба на територија на Општина Радовиш, беше донесена и Предлог програма за измена и дополнување на програмата за градежно земјиште изградба реконструкција и одржување на комунални објекти и локлани патишта во општина Радовиш, како и Предлог трета измена на програмата за функционирање на администрацијата во Општина Радовиш за 2025 година. Градоначалникот појасни дека со овие измени се предвидуваат за почеток 1.000.000 денари да бидат наменети за потребите на учесниците во гаснењето на пожарот.
Во продолжение беа донесени и Предлог одлука за измена на распордот на средствата на буџетот на Општина Радовиш за 2025 година.
Предлог одлука за утврдување на ценовник за висина на надоместок за трошоци за услуги од механизација и човечки ресурси за спроведување активности за расчистување или спречување на последици од природни непогоди или други кризни систојби како пожари поплави земјотреси и слично. И предлог одлука за одобрување и исплата на финансиски средства од буџетските резерви на Буџетот на Општина Радовиш за 2025 година за потребите со справување со настанатата вонредна состојба со пожарите на територијата на Општина Радовиш.