Радовиш

Состојбата со пожарот на планината Готен е се уште алармантна, но денеска се очекува некои краци да се стават под контрола

Состојбата со пожарот на планината Готен откако истиот после 5 дена излезе од контрола и се прошири на териториите на општините Берово и Радовиш е се уште критична. Според информациите од Заменик генералниот директор на ЈП Македонски шуми Кире Михаилов денеска се очекува некои краци да се стават под контрола.

-„Кракот од страната на општина Василево на кој работи тешка механизација до крајот на овој работен ден ќе биде целосно обезбеден;

– едниот крак кон Берово, помеѓу Мал и Голем Готен континуирано силите на Берово со тешка механизација, бројка од по околу 100 луѓе дневно веќе три дена го држат под контрола и истиот е пред целосно негово локализирање;

– другиот крак кон Берово кој може да префрли накај Дарлан, денеска го гасат 6 пинцгауери со вработени од ЈП “Македонски Шуми”, а во текот на утрешниот ден планирано е со помош на војниците од АРМ целосно да се отсече и тој крак и да се стави под целосна контрола;

– едниот крак на територијата на Радовиш кој се прошири во линија од неколку километри лево од Готен кон М.В. Мангрите, во текот на вчерашниот ден со помош на тешка механизација делумно беше ставен под контрола, но, остана еден многу лош, стрмен, непристапен и пред се терен во кој има многу горлив материјал кој што е необезбеден и денеска таму ќе работат ТППЕ Радовиш, вработените од ЈП “Македонски Шуми” и доброволци ловџии од ЛД “Готен” од Радовиш и денеска таму ќе делуваат и два ЕР ТРАКТОРИ од ДЗС кој ќе им помагаат на копнените сили;

– другиот крак кој се прошири кон Радовиш исто така до крајот на овој ден ќе биде целосно обезбеден со помош на механизацијата која тргна од брана Турија, општина Василево“ стои во информацијата споделена од Кире Михаилов кој додадава:

-И покрај тоа што огромен дел од овој пожар е ставен под контрола, т.е. во рамки на обезбедени патишта/пресеки, сепак се работи за голема територија во која има и огромни површини кои не се изгорени во текот на овие 9 дена и истите ќе горат, тлеат и догоруваат и во текот на наредните денови, а граѓаните ќе гледаат доста чад, а неретко и огнени јазици се додека по целосното ставање под контрола на овој пожар, целосно не го ликвидираме.

Инаку како што најавуваат метеоролозите денешната температура се очекува да биде највисоката дневна од 2007 година до денес со над 45 степени целзиусови, а може да замислите каква е температурата таму каде што го гасиме пожарот, споредува Михаилов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago