БИТКАТА НА ГОТЕН ПРОДОЛЖУВА, пожарот се прошири на три страни
Денеска се
бориме со огнените стихии на Готен на три страни, информира заменик генералниот директор
на ЈП Македонски шуми, Кире Михаилов.
Според информацијата која што ја објави Михаилов пожарот
се проширил од општина Василево кон Општините Радовиш и Берово.
„Страната на Берово ја брани пешадија од вкупно 113луѓе и тоа:
40 припадници
на АРМ,
30 вработени
во ЈП “Македонски Шуми”, 20 работници на фирмата “БИ ГРУП” Пехчево,
8 пожарникари
од ТППЕ Берово;
8 пожарникари
од ДПД Кочани;
4 пожарникари
од ДПД Пехчево;
1 шофер
на пинцгауер од МВР;
Со овие
копнени сили имаме 5 специјални возила, 3 теренски, 2 камиони со по 4 тони вода, 1 комбе, 1 пинцгауер, 1
четирицкл, а работат и 1 булдожер, 2 трактори и 1 ЛКТ и неколку камиони на АРМ, едно
санитетско возило и неколку цистерни со вода.
Страната на
Радовиш, кракот кој тегне низ Мангрите кон Смиљанци го браниме со 30 луѓе, и тоа:
20 припадници
на АРМ;
5 припадници
на ТППЕ Радовиш;
4 припадници
на ЈП “Македонски Шуми”;
1 шофер
на пинцгауер од МВР;
Оваа екипа е
со 2 специјализирани
возила, неколку теренски и два камиони на АРМ.
Кракот над
село Злеово, општина Радовиш го бранат 9 луѓе и тоа:
5 вработени
во ЈП “Македонски Шуми”;
4 пожарникари
од ТППЕ Радовиш;
Оваа екипа е
со 1 специјализирано
возило и едно теренско.
Страната на
Василево над брана Турија ја бранат 34 луѓе и тоа:
12 вработени
од ЈП “Македонски Шуми”;
3 пожарникари
од ТППЕ Струмица;
18 ловци/
Фазан Василево;
1 шофер
на пинцгауер од МВР;
Оваа екипа е
со 3 специјализирани
возила, џипови, пинцгауер и четирицикли и неколку крос мотори.
Од раните
утрински часови помош на оваа пешадија од воздух на сите страни и дава
хеликоптерот на МВР – BELL 412, а веднаш по неговото повлекување ќе почнат да
делуваат двата ЕР Трактори на ДЗС.
Овде се
работи за пожат кој 5 дена успевавме да го држиме во еден контролиран простор, но вчера,
пожарот излезе од контролираните граници и сега ни се шири на два крака во
беровска страна, два крака кон радовишка страна и сеуште е активен внатре во
кругот каде дел сеуште е под контрола на пресеките.
Покрај
ПИНЦГАУЕРИТЕ кои се веќе неколку дена овде, вечерва ќе стигнат и неколку БТР-и
и ХЕРМЕЛИНИ кои ќе помогнат во борбата со овие огромни огнени стихии.
Заедно со локалците кои помагаат логистички, денеска со огнените стихии на Готен се бори пешадија од преку 200 луѓе помогната од огромна бројка специјализирани возила, еден хеликоптер и двата ЕР Трактори“, стои во информацијата споделена од Михаилов.