Струмица

Вечер на поезија со реномираниот македонски поет и професор Зоран Анчевски, во рамките на Струмица Опен Фестивал 2025

Започна традиционалната летна манифестација Струмица Опен Фестивал 2025 во Струмица под мотото „Мозаик од емоции“. 14-то издание  на Фестивалот која започна од 15 јули а ќе трае до 13 август предвидува богата програмата која и ова лето ќе ја исполни Струмица со музика, уметност и култура за сите генерации.

Во рамки на Струмица Опен Фест се одржа Вечер на поезијата со реномираниот македонски поет и професор, Зоран Анчевски. Покрај езерцето во преубавиот амбиент на Градскиот парк, се слушаа стиховите на Анчевски. Настанот го модерираше Вања Изова Велева, а стиховите ги читаше Сузана Мицева.

Првите седум вечери ќе бидат претставени како културни настани – фолклор, поезија, книжевни работилници, театарски претстави, афоризми, читања на отворено и ретроспектива на старите времиња.

Последните три фестивалски вечери на 11, 12 и 13 август,  ќе бидат главните музички вечери, со настапи на Летната школа за гитара под менторство на професор Васко Пиличев и многу други македонски уметници и групи како што се Битолски камерен оркестар, Тамара Тодевска, Каролина Гочева и многу други.

Основач и организатор на фестивалот е Здружението Културен забавен Живот – КЗЖ, а се одржува под покровителство на општина Струмица и ќе понуди 10 различни фестивалски вечери.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago