МВР објави Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници.
„Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на униформирани полициски службеници. Да се биде полицаец е повик а не обична професија. Затоа придружи не се, прифати го својот повик, биди полицаец. Ако се одлучиш да го следиш својот повик, да го прифатиш предизвикот, те очекува едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука. Обучувачите и менторите кои се квалификувани експерти во своите области, ќе бидат секојдневно со тебе додека ги усвојуваш правните и другите теориски знаења, полициското делување и тактики и сите други практики со кои изобилува полициската обука; соопштуваат од МВР во врска со огласот.
Обуката се одвива во Центарот за обука на министерството за внатрешни работи кој се стреми да биде еден од најдобрите и најелитни центри за обука во Европа.
Центарот кој е со стекнати меѓународни акредитации ќе те подготви максимално професионално да ја извршуваш полициската професија. Преку следење на современите трендови, центарот постојано се унапредува за врвна професионална едукација и специјализации на вработените во безбедносните структури, со имплементација на најдобрите практики и меѓународни искуства од врвните европски и светски полициско безбедносни стандарди“ додаваат од МВР.
ЈАВЕН ОГЛАС
I. За
засновање на работен однос на 150 извршители на работно место „Полицаец“ за
работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:
1. во Сектор
за внатрешни работи Скопје ———————————— 150 извршители.
1.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
– да е
државјанин на Република Северна Македонија;
– да е
полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен
однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно
образование;
– активно да
го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
– со
безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од
вработување на кандидатот;
– да има
завршено најмалку четиригодишно средно образование;
– да е
здравствено и психофизички способен;
– со
правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија,
дејност или должност;
– да не е
член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и
– да има
положено тест за интегритет.
2.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
– потребна
телесна висина од најмалку 170 см. (маж), односно 160 см. (жена)
– висока
лична физичка подготвеност.
3.
Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на
потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар
и тоа:
– извод од
матична книга на родените,
– диплома за
завршено четиригодишно средно образование и
– две
фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.
Кон
пријавата, кандидатот задолжително доставува своерачно потпишана изјава со која
потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела
на политичка партија.
Пријавата со
потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од
определените места за пријавување, и тоа:
– Сектор за
внатрешни работи Скопје:
– Полициска
станица од општа надлежност-Гази Баба,
– Полициска
станица од општа надлежност-Бит Пазар и
– Полициска
станица од општа надлежност-Карпош.
– Сектор за
внатрешни работи Битола;
– Сектор за
внатрешни работи Велес;
– Сектор за
внатрешни работи Куманово;
– Сектор за
внатрешни работи Тетово;
– Сектор за
внатрешни работи Охрид;
– Сектор за
внатрешни работи Струмица,
– Сектор за внатрешни работи Штип.
Повеќе информации на линкот: https://www.facebook.com/mvr.gov.mk