Македонија

Каракашев – На лозарите им се случува грабеж и манипулција, Трипуновски да каже колку е производната цена на грозјето

На лозарите им се случува грабеж и манипулација, оценува Националната земјоделска мрежа како реакција на министерот за земјоделие Цветан Трипуновски по објавата на цените на вранецот и смедеревката за новата реколта.

Трипуновски најави дека се постигнати рекордни откупни цени – Вранец: 21,3 денари/кг и Смедеревка: 18,9 денари/кг.

На ова претседателот на Националната земјоделска мрежа Ѓорги Каракашев бара од министерот да ја соопшти производната цена на грозјето.

„Лично од министерот Трипуновски бевме во можност да ја слушнеме овогодишната откупна цена за двете најзастапени сорти на винско грозје од сортата Вранец по цена од 21 ден за кг и сортата Смедеревка по цена од 19 ден по кг грозје.

Како Национална земјоделска мрежа, упатуваме јавен повик до ресорниот министер без одлагање јавно да ја сподели производната цена на овие вински сорти грозје како и методологијата и институцијата која ги има изготвено истите.

Потсетуваме и укажуваме дека според Законот за вино тоа е законска обврска и никој па ни Министерството за земјоделие не сме да не ги почитува овие законски обврски.

Според нас како НЗМ овие цени се срамни понижувачки и неприфатливи и ќе резултираат со огромен револт кај лозарите, вели меѓудругото Каракашев.

Извор: https://agrotim.mk/video-se-vrati-zimata-sneg-vo-selo-podles/

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago