Радовиш

Во Радовиш се одржа информативен ден за презентација на Оперативниот план за вработување на Владата!

Денеска во Радовиш се одржа Информативен ден за презентација на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување на Владата на Република Македонија, што ќе се спроведуваат во текот на годината со цел поттикнување на вработувањето, особено кај младите и ранливите категории граѓани.

На настанот присуствуваа и се обратија заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова, директорката на Агенцијата за поддршка на претприемништво, Даниела Димовска, како и Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.

Во Радовиш има поднесено  59 апликации за самовработување, од вкупно 6000 на ниво на држава. Министерот Ристески даде посебен акцент на новата мерка објавена од вчера.

– Станува збор за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“, подмерка – Вработување и раст на правни субјекти, преку која се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средните претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Со мерката на претпријатијата им се дава грант за вработување на невработени лица, каде истата се движи од 160.000 до 220.000 денари, во зависност од целната група, а работодавачот е должен да го задржи нововработеното лице на работа од 9 до 15 месеци (во зависност од целната група). Сите заинтересирани работодавачи кои сакаат да ги искористат поволностите од оваа мерка, можат да аплицираат до Агенцијата за вработување до 04.07.2025 година – кажа Ристески.

Во своите излагања, претставниците на институциите ја потенцираа важноста на активните мерки за вработување, поддршката за самовработување, обуките и субвенциите за работодавачите. Тие истакнаа дека Владата останува посветена на намалување на невработеноста преку соработка со стопанството, невладиниот сектор и локалната самоуправа.

Градоначалникот Ацо Ристов ги поздрави мерките предвидени со оперативниот план посебно мерката која се однесува на локалните самоуправи, преку која ќе можат да ангажираат лица за справување со пожари и други елементарни непогоди кои ќе бидат обучени, или озеленување на опожарени предели.

На настанот беше присутен и градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов кој исто така ги поздрави мерките за вработување, предвидени со Оперативниот план на Владата.

Промоцијата во Радовиш е дел од поширока кампања за запознавање на јавноста со можностите што ги нуди оперативниот план, кој годинава опфаќа повеќе нови мерки и значително зголемен буџет за нивна реализација.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago