Градоначалникот Божинов на увид на градежните активности од проектот, пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево кој е финансиран од Владата на Македонија
Градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов изврши увид во градежните активности
на проектот Изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево
кој е финансиран од Владата на Македонија преку Унгарскиот кредит
„Градбата се одвива со забрзано темпо, а со проектот е предвидено, поставување канделабри на соларна енергија, клупи за седење и корпи за отпадоци, изведба на потпорни ѕидови и платформа за одмор кај чешмата“, вели Божинов.
Тој во својата објава на сцојалните мржи изразува благодарност на Владата на Македонија и Премиерот
Христијан Мицкоски, за поддршката на започнување на десетина проекти.
„Асфалтирање на улица Китка од некогашен ресторан ,,Манче” до фабриката ,,Треска” во Ново Село. Изградба на нова спортска сала во Колешино. Поставување метална платформа на Смоларски водопад. Асфалтирање на улица од шумска куќа до скали за Смоларски водопад со партерно уредување на платото со камен каде се одржува Костенијадата. Реставрација на фреските во Црква Св. Константин и Елена во Мокрино. Општината паралелно работи и на Асфалтирање на улици во сите населени места. Реконструкција на Дом на култура во Мокриево. Уредување на атмосферски канал ,,Бент” во Смолари. Поставување на краци од канализациона мрежа во Сушица и наскоро очекуваме зелено светло за нов водовод во Самоилово“, вели Божинов.