Радовиш

Јавен Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од атмосферска непогода – голомразица

Врз основа на член 50 став 1 точка 5 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр. 202/24), Одлуката за постапување поради настаната штета од атмосферска непогода од ниски температури-голомразица, број 08-802/1 од 29.05.2025,

Градоначалникот на оптшина Радовиш објавува

Ј А В Е Н П О В И К

За пријавување на штети на земјоделски насади од атмосферска непогода – голомразица

Општина Радовиш ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферска непогода – мраз која ја зафати територијата на општина Радовиш во периодот од 13.03.2025 година до 09.04.2025 година да ја пријават штетата на своите насади во просториите на општина Радовиш на обрасци кои ќе им бидат доставени од страна на општинската архива и тоа:

1.Барање за пријавување на штета на земјоделските насади;

2.Покрај барањето секој барател треба да достави:

–Копија од лична карта;

–Изјава за веродостојност на податоци;

–Изјава за согласност за користење на лични податоци;

–Транскациска сметка;

Доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (Решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; Имотен лист; Договор за закуп заверен на нотар).

3.Пријавувањето на штетите може да се изврши во периодот од 16.05.2025 година до  27.05.2025 година секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.

За дополнителни информации може да се обратите на Весна Конзулова – 071 444 144.

Напомена: Во процената нема да се земат во предвид насади кои се помлади од 3 години како и насади кои не се обработуваат. Исто така нема да се врши проценка на насади кои се веке осигурани во осигурителни компании.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago