Започна 10 та Меѓународна радовишка ликовна колонија 2025 во организација на ДЛУР Рада, Радовиш
Денеска свечено беше отворена јубилејната 10 та Меѓународна радовишка ликовна колонија 2025 во организација на Здружението на ликовни уметници ДЛУР „Рада“, Радовиш, во присуство на уметници, учесници на колонијата од земјава и од странство и гости љубители на уметноста, меѓу кои и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.
Од денеска до петок уметниците ќе творат во просторијата на Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш каде потоа ќе бидат изложени делата. Добредојде на присутните им посака Душан Коцев, претседател на ДЛУР Рада, Радовиш, кој меѓудругото рече дека е горд на оваа десетта Меѓународна ликовна колонија.
Отварањето на Ликовната колонија беше збогатено со звуците од клавир од Младата и талентирана Јана Јованова. Нејзиниот татко и ментор Петре Јованов, ги спомна последните достигнувања на Јана на сцените во светските метрополи во Париз и Милано. Јана и нејзината сестра Мима ќе се претстават и насцената во Њујорк.
Ликовната колонија ја отвори градоначалникот Ацо Ристов кој притоа и честита на Јана за постигнатите успеси, што гордо го претставува Радовиш насекаде во светот. Општина Радовиш секогаш ги поддржува ваквите таленти, што е добар пример и за приватниот сектор, да бидат опшествено одговорни компании.