Радовиш

ЛАГ Плачковица го одржа првиот координативен состанок за превенција од Шумски Пожари, во рамките на двегодишниот проект

Здружението за рурален развој Локална Акциона Група (ЛАГ) ПЛАЧКОВИЦА започна со спроведување на двегодишениот проект „Зајакнување на капацитетите на локалните чинители за подобрена отпорност во управувањето со пожари“, поддржан преку проектот Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан (LFMWB) финансиран од Глобалната програма за климатски промени и животна средина на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Денеска во Радовиш се одржа првиот координативен состанок за превенција од Шумски Пожари, во рамките на двегодишниот проект.

Проектот има за цел да ја подобри соработката и координацијата во превенцијата и справување со шумски пожари на територијтата на четирите општини – Конче, Карбинци, Радовиш и Штип.

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов рече дека се подготвени како општина и да инвестираат за да се подигне степенот на превенција но и регирање при појава на пожари. Тој рече дека минатата година се соочиле со голем проблем токму поради некои недостатоци како што се резервоарите за вода за противпошарните возила на планината Плачковица како и ѓубрето кое се фрла по доловите како што се гумите кои горат и по неколку денови. Ристов го поздрави проектот и рече дека со овој проект очекува да се спроведе и едукативна кампања на граѓаните за опасноста од предизвикување на пожари, но и инсиституциите да ги согледат своите недостатоци.

Ефективното управување со шумските пожари често бара координација низ различни општински граници. Нашата цел е да поттикнеме унифициран пристап за управување со превентивните мерки и намалување на ризикот од шумски пожари преку користење на иновативни методи, континуирано градење на капацитети и ставање на примарен фокус на превенција, подготвеност и реставрација, овој проект не само што ќе ја подобри отпорноста на овие заедници, но исто така ќе служи како модел за другите региони кои се соочуваат со слични предизвици.

Со развивање на приспособени регионални планови за управување со шумски пожари, и поттикнувајќи ја соработката меѓу општините, проектот се стреми да ја подобри отпорноста и да ги заштити животите и имотот во услови на ескалација на заканите од шумски пожари.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago