Македонија

Левица: На дневен ред два Предлог – закони, минимална плата од 500 евра и формирање на инспекторат за државни инсигнии

За пред пратениците во Собранието ќе се најдат два исклучително важни Предлог-закони поднесени од пратеничката група на #Левица за кои сметаме дека се од круцијално значење за работничката класа и за достоинството на државата: Предлог-законот за зголемување на минималната плата на 30.000 денари и Предлог-законот за формирање Инспекторат за државни инсигнии, соопштуваат од политичката партија Левица.

„Зголемувањето на минималната плата на 30.000 денари, со примена од јули 2025 година, е неопходен чекор во услови кога граѓаните се гушат во инфлација, несигурност и економска беда. Овој предлог е изготвен во согласност со оправданите барања на ССМ и претставува директен одговор на катастрофалната економска реалност која дополнително ќе се продлабочи со најголемото задолжување во историјата на државата од над шест милијарди евра кога Владата неминовно ќе посегне кон мерки за штедење на грбот на сиромашните.

Минималната плата од 24.000 денари веќе одамна не е доволна за покривање ни на основните животни трошоци. Нашите сограѓани бројат денари и денови во борба за преживување. Овој Предлог-закон е неопходен чекор за да се заштити егзистенцијата на илјадници семејства.

Истовремено, на утрешната собраниска седница ќе се разгледува и Предлог-законот за формирање на Инспекторат за државни инсигнии – закон кој има за цел конечно да воспостави механизам за спроведување на постоечките закони за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија. Повеќе од 27 години овие закони постојат само на хартија без институција што ќе врши надзор или ќе изрекува казни за прекршување на одредбите. Секојдневно сме сведоци на грубо непочитување, злоупотреба и навредливо изложување на државните симболи без никакви последици. Ако ваквото однесување не почне итно и доследно да се санкционира, достоинството на државата ќе продолжи да се поткопува и ќе остане само апстрактен поим без реална вредност и заштита.

Со овој Закон, предвидено е формирање на Инспекторат во рамки на Министерството за правда, со овластувања да постапува не само кон институциите, туку и кон правни и физички лица. Конечно, граѓаните ќе имаат каде да се обратат и ќе постои орган што ќе постапува по непочитување на државните симболи. Законот не менува ничии права, туку гарантира нивно спроведување и доследна примена“, стои во известувањето од Левица.

Извор: https://www.facebook.com/search/top?q=%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago