Радовиш

ДГ „Ацо Караманов“ Радовиш, со ДЕМАНТ НА ОБЈАВЕНИТЕ НЕТОЧНИ ИНФОРМАЦИИ за сериозна повреда на дете

ДГ „Ацо Акараманов“ од Радовиш ги  демантира објавените инфомрации за наводна сериозна повреда на дете во градинка дека се нецолосни и недообјаснети.  

„Во врска со информациите што беа објавени во неколку медиуми за наводна сериозна повреда на дете во ЈОУ ДГ „Ацо Караманов“ – Радовиш, ја информираме јавноста дека тие се нецелосни, неточни и неосновано сензационалистички.

Инцидентот навистина се случи, но се работи за лесна повреда од ненамерен карактер, во тек на детска игра, за која веднаш беше укажана прва помош од страна на нашиот стручен персонал, а родителите беа веднаш известени. Согласно лекарскиот наод и информациите добиени од родителите, детето е во добра и стабилна здравствена состојба, и истиот ден во попладневните часови со лично барање на детето и семејството, детето учествуваше на завршната приредба“, велат од детската градинка.

Како јавна установа која се грижи за најмладите, безбедноста, здравјето и психо-социјалната добробит,  децата се наш врвен приоритет. Секој настан се третира со сериозност и одговорност, а сите постапки се согласно важечките протоколи, додаваат од градинката од каде со жалење констатираат дека објавувањето на непроверени и претерани информации нанесува штета врз угледот на установата, создава непотребна загриженост кај родителите и вознемиреност во јавноста.

-Ги повикуваме медиумите на етичко и одговорно известување, засновано на проверени факти и информации добиени од релевантни извори, велат од детската градинка „Ацо Караманов“ – Радовиш.

Инаку на 29 мај во четврток дечињата од ДГ имаа завршна прирадеба на која учествуваа сите дичиња кои годинава ќе бидат првачиња.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago