Македонија

Мицкоски со повик до пратениците: Ајде да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат измените на Изборниот законик за една изборна единица, но како што рече да се дозволи и дијаспората да гласа.

„Што се однесува до законот за локална самоуправа, целта е сосема поинаква. Целта е да може да се направат измени кои што ќе бидат во согласност со изборните процеси кога се избираат градоначалници, советници итн. Не е е целта дали имаме резиденти или нерезиденти. Но, кога веќе го поставувате тоа прашање, јас еве би ве повикал заедно сите да промениме Изборниот законик и да направиме една изборна единица. И во таа една изборна единица да дозволиме и дијаспората да гласа, да дозволиме да се формираат избирачки места во оние држави во кои се дозволува согласно Устав да се формираат избирачки места надвор од Дипломатско конзуларните претставништва“, вели тој и додаде:

„Еве јас сум подготвен одма, ги гледам пратениците од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ да го подржиме тој закон каде што ќе имаме една изборна единица. И да не филозофираме зошто олку или толку советници, еве одма да го отвориме оваа прашање и да го затвориме. Да имаме една изборна единица, и во таа една изборна единица да се гласа вклучително да бидат вклучени и гласовите од дијаспората и тоа не само во ДКП, туку насекаде онаму каде што дозволува законот на таа држава да се гласа надвор од ДКП. Веднаш сум подготвен да го подржам тој закон и ви давам збор дека и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го подржи“, додава Мицкоски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago