Гевгелија

Достојно одбележан 24 мај во Гевгелија, Патрониот празник на црквата „Св. Кирил и Методиј“

Гевгелиското архиерејско намесништво достојно го одбележа Патрониот празник на црквата „Св. Кирил и Методиј“ и Денот на сесловенските просветители со богата дводневна програма, исполнета со духовни и културно-уметнички содржини.

Чествувањето започна на 23 мај 2025 година, со служење на Акатист кон Светите браќа Кирил и Методиј со петолебие. Во дворот на храмот, се одржа културно-уметничка програма, со настапи на: вокалната група „Распеани гевгеличани“, Ансамблот за народни игри и песни „Бојмија“, Балетската група „Дива“ и Мандолинскиот оркестар „Полифонија“. Настапите ја збогатија духовната атмосфера и беа топло поздравени од публиката.

Централните настани се одржаа на 24 мај 2025 година. Денот започна со Празнична утрена, по што следеше Светата Божествена литургија, со благословување на кумските колачи и осветување на вода. Потоа, низ улиците на Гевгелија се одржа свечена Празнична литија со изнесување на иконата „Богородица- цвет кој не венее“, која собра голем број граѓани и верници.

На Литијата, присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Чествувањето заврши со настап на Ансамбл „Македонија“ во дворот на црквата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago